Вести Македонија

Детали за нападот врз Боки-13, бил нападнат на клупа, претходно имал закани поради неговиот „лајфстајл“, а безбедноста му е загрозена- тврди неговиот адвокат

(архивска фотографија)

Нападот се случил за време на прошетката во затворскиот круг во Идризово, а неговиот адвокат вели дека има повреди на глава и дека во затворското крило каде е сместен не е безбеден.

-Седел во дворот кога тројца затвореници кои не ги знаел го нападнале и го удирале со клоци и боксови. Има хематом на главата и е префрлен во болница. Претходно имаше и закани, но ова е прв фиички напад. Претходно кога беше сместен во новиот дел немаше никакви проблеми, откако со налог од директорот на Управата е префрлен во стариот затворски дел има повеќе закани, сега напад и воопшто не е безбеден, изјави за Телма во телефонски разговор, адвокатот Сашко Дуковски кој е бранител на Јовановски-Боки-13.

На повеќе објави на социјалните мрежи има негативни, навредливи и ликувачки коментари за нападот врз осуденикот Бојан Јовановски поради што реагираа повеќе активисти за човекови права.

-Исмевањето и ликувањето во стотици коментари за бруталното претепување на Боки во затворот Идризово е пораз за нашето општество и слика за токсичноста и злобата која никогаш освен во последнава декада не била одлика на мојот народ, напиша активистката Ирена Цветковиќ.

Нападот се случил вчера во затворот во Идризово околу 15:40 часот.

Бојан Јовановски-Боки 13 претепан во затворот „Идризово“ и пренесен на Ургентен

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)„Марш за ангелите во Кочани“ – деветти собир за загинатите во пожарот во дискотеката

Дејан Дејан

Одржана хуманитарна изложба со миленичиња, собраните средства наменети за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Почина 19-годишната девојка додека со другарки се возеле на патот Скопје-Тетово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе