Вести Македонија Најважни

Денеска во Собранието седници на Комисијата за надворешна политика и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на 24. седница на Комисијата за надворешна политика е само една точка – Предлог на закон за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за соработка во областа на дијаспората.

Предлог законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ–Скопје во услови на енергетска криза, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост – Скопје, по скратена постапка и Предлог законот за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за соработка во областа на дијаспората, се на дневен ред на 149. седница на Законодавно-правната комисија.

Членовите на Законодавно-правната комисија ќе дискутираат и за Предлог  законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Португалија е првата членка на ЕУ во мрежата HealthAI за надзор на примената на вештачка интелигенција во здравството

Sasko Dimovski

Дванаесет години затвор за поранешен италијански директор поради уривање на мостот Моранди во Џенова кој однесе 43 човечки животи

Sasko Dimovski

Престој со студентска виза до четири години, странските новинарите до 240 дена – нов чекор во имиграциската политика на САД

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе