На дневен ред на 24. седница на Комисијата за надворешна политика е само една точка – Предлог на закон за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за соработка во областа на дијаспората.
Предлог законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ–Скопје во услови на енергетска криза, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост – Скопје, по скратена постапка и Предлог законот за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за соработка во областа на дијаспората, се на дневен ред на 149. седница на Законодавно-правната комисија.
Членовите на Законодавно-правната комисија ќе дискутираат и за Предлог законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство.
