Вести Забава Македонија

Потврда од МТВ: Евровизија 2023 без македонски претставник

Македонската радио телевизија (МРТ) потврди – нема да учествуваме на Евровизија во 2023 година што ќе се одржи во Велика Британија. Како причина во соопштението на Јавниот сервис се наведуваат зголемените трошоци поради енергетската криза и зголемениот износ за котизација за самото учество на музичкиот спектакл.

„Ваквата одлука е во најдобар интерес за граѓаните, имајќи ги предвид зголемените трошоци поради енергетската криза кои зафаќаат голем дел од буџетот на Јавниот сервис, но и зголемената котизација за самото учество на Евровизија 2023, којашто до лани изнесуваше 39.143 евра, а за идната година се очекува да биде повисока. Оваа одлука ќе овозможи заштеда на средства коишто би требало да бидат издвоени за престојот на македонската делегација во Ливерпул, каде што се одржува Евросонг 2023“, велат од МРТ.

Но, фановите на манифестацијата во земјава, сепак, нема да бидат скратени за задоволството да ги проследат двете полуфинални вечери, како и финалната, од кои МТВ ќе врши пренос. Од Јавниот сервис, истовремено, изразија надеж дека, по стабилизирање на состојбата, земјава ќе се врати на евровизиската сцена во 2024 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборот беше тежок поради квалитетот на кандидатите, тврди претседателката Силјановска за предлогот, Славески да биде нов гувернер

Дејан Дејан

Претседателката го предложи претседавачот Славески за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Мицковски: Нека постапуваат надлежните за градбата во Прилеп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе