Специјална порака на „СОС ВЕНЕЦУЕЛА“ беше проектирана на иконската статуа на Христос во знак на почит кон жртвите од земјотресите што ја погодија Венецуела минатата недела.

Оддавањето почит беше организирано од светилиштето на Христос Спасителот, кое исто така се приклучи на националната кампања на бразилската католичка црква „СОС Венецуела – солидарност и братство“ за собирање донации за погодените семејства.

Венецуела беше погодена од два силни земјотреси на 24 јуни со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени.
Потресите убија повеќе од 2000 луѓе, повредија над 11.000 и оштетија или уништија десетици илјади згради, а ла гваира претрпе најтешко уништување.
Вршителот на должноста, претседателката на венецуела, Делси Родригез, пак ги отфрли поплаките дека владата реагирала премногу бавно на катастрофата и ги оставила цивилите да го преземат поголемиот дел од спасувачките напори.
Нејзината рекација дојде еден ден пред да истече продолжувањето на нејзиниот 180-дневен мандат како вршител на должноста лидер.
Владата на Родригез, беше широко критикувана за бавна и неорганизирана рекација во справувањето со последиците.
–Следниот ден, државата беше милитаризирана токму за да се ограничи пристапот и да им се дозволи на специјалистите за пребарување и спасување да ја извршуваат својата работа. Првиот медиумски наратив измислен во медиумите беше: „Секој треба да оди во Ла Гваира за да предизвика хаос, да ги попречи напорите за пребарување и спасување, исткна Родригез.
