Вести Македонија Топ вести

Влегуваме во втората половина од мандатот, мора да бидеме подготвени на сите сценарија за избори – рече Мицкоски

„Влегуваме во втората половина од мандатот и политички умно е да бидете подготвени на секакви сценарија. Ние сме кажале дека наша опција која ја преферираме во Влада е редовни избори во 2028 година, но сме подготвени секогаш како политичка партија доколку тоа опозицијата го бара да излеземе на терен и да победиме на избори“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Претходно зборувајќи за средбата на претседателката Силјановска Давкова со бугарската претседателка Илијана Јотова рече дека освен менување на Уставот, Бугарија има и други барања кои не се нови, туку се  истите од 2022 година кои биле прифатени од претходната Влада.

„Македонските граѓани мора да знаат дека не се само промена на Уставот и дел од бугарската заедница во Преамбулата. Не. Тоа е само почеток. Ја отвараме Пандорината кутија, следи акцискиот план, следи работата на историската комисија, следи Протоколот 2 каде што работата на историската комисија е само едно од барањата, таму можеби има 15 нови барања кои ние како држава треба да ги сиполниме. Така што нема ништо различно тоа денес што го слушаме од тоа што го слушаме во контиунитет. За жал претходната влада го прифати во 2022 година“. рече Мицкоски.

Тој дополни дека останува оптимист за разговорите со Мерц и Макрон затоа што како што кажа разговорите биле сосема различни од  вчерашната средба.

„Ние мора да бидеме оптимисти, да работиме, истовремено да ги штитиме националните интереси, да не влегуваме во авантура, да не бидеме очајници и давеници како што тоа го правеше претходната Влада“, додаде тој.

Опозицијата ја обвини дека ги брани позициите на источниот сосед, но за брзо време како што рече ќе има паралменматрани избори па граѓаните ќе одлучат за кого да гласаат.

„Дали ќе гласаат за овие кои капитулираа, ја ограбија, ја уништија Македонија дали треба да добијат еден пратеник или ние кои нудиме нов современ концепт, што се темели на многу работа, кои отвораме вакви објекти но истовремено водиме бескпопромисна битка за националните интереси“,  рече Мицкоски кој присуствуваше на пуштање во употреба на спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министрите се „исплашиja“ да не им скратат од парите, па го потрошија скоро целиот дефицит за годинава

Дејан Дејан

Костадиновска Стојчевска: Власта не се грижи за македонскиот јазик

meteo

Центарот за граѓански комуникации: МНР незаконски однапред исплатило околу еден милион евра за евакуациски летови од Блискиот исток

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе