Вести Македонија

Изгаснат пожарот над штипската населба Кадидере

Пожарот што вчера изби над градот Штип е целосно изгаснат, потврди градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

Огнената стихија била ставена под контрола околу полноќ, по што екипите на Територијалната противпожарна единица останале на терен за да спречат повторно разгорување.

Во акцијата учествувале 23 пожарникари со пет возила, како и 12 доброволци од Доброволното противпожарно друштво – Штип, кои помогнале на тешко пристапниот терен.

Пожарот бил предизвикан од удар на гром на рид над викенд населбите Плуждино и Новакова Чешма.

Во пожарот изгореле сува трева и грмушки, но нема причинета материјална штета, ниту повредени лица.

Надлежните упатија благодарност до пожарникарите, доброволците, месното население и јавните претпријатија кои учествуваа во локализирањето на пожарот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министрите се „исплашиja“ да не им скратат од парите, па го потрошија скоро целиот дефицит за годинава

Дејан Дејан

Костадиновска Стојчевска: Власта не се грижи за македонскиот јазик

meteo

Центарот за граѓански комуникации: МНР незаконски однапред исплатило околу еден милион евра за евакуациски летови од Блискиот исток

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе