Вести Македонија

Центарот за граѓански комуникации: МНР незаконски однапред исплатило околу еден милион евра за евакуациски летови од Блискиот исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија однапред ја исплатило целата сума од околу еден милион евра за евакуациски летови од Блискиот Исток, иако законските правила предвидуваат аванс до најмногу 20 проценти од вредноста на договорот, се вели во анализата на Центарот за граѓански комуникации.

Додаваат дека плаќањата биле извршени пред реализација на услугите и без соодветни гаранции.

Во постапката за јавна набавка за евакуација на македонски државјани во март 2026 година, биле забележани кратки рокови, ограничен избор на понудувачи и брзо склучување на договор со една фирма.

По неуспешен прв повик, МНР директно преговарало со компанијата „Авиалог“ Скопје, со која истиот ден бил склучен договор и извршено плаќање.

Центарот за граѓански комуникации наведува дека се поставуваат прашања за законитоста на целата постапка, вклучително и начинот на избор на операторот, авансното плаќање и усогласеноста со тендерската документација.

Во рамки на евакуацијата биле реализирани четири летови, при што биле превезени и странски државјани, а цената по патник се движела од 1.548 до 1.960 евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министрите се „исплашиja“ да не им скратат од парите, па го потрошија скоро целиот дефицит за годинава

Дејан Дејан

Костадиновска Стојчевска: Власта не се грижи за македонскиот јазик

meteo

Изгаснат пожарот над штипската населба Кадидере

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе