Вести Македонија Топ вести

Министрите се „исплашиja“ да не им скратат од парите, па го потрошија скоро целиот дефицит за годинава

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска во вчерашната ТОП ТЕМА, соопшти дека одредени министри направиле реализација на нивните расходи во првата половина од годинава па поради тоа и реализацијата на дефицитот во првата половина од годинава  е поголема.  Вели дека сега во разговорите со минитрите кои доаѓаат во Министерството за финансии на консултации за ребалансот на буџетот кои идната недела се очекува да го помине владиниот филтер, ги прашала и за тоа зошто најголем процент на дефицитит е истрошен овој период и до крајот на годинава  не останува речиси ништо.

Дури и сега еве кога доаѓаа на состаноците и кога разговаравме во дадени ситуации нормално нели на прашањето зошто е толкава реализацијата, одговорот е па да не ни скратите со ребалансот.  И тие кои што имале во планот за годинава одредена реализација нема што да имаат да реазлизираат, дел од нив немаат ни некои нови проекти.

Дефицитот за годинава беше проектиран на над 600 милиони евра. Најавите се дека можно е да има зголемување на минусот во државната каса во однос на проекцијата. Според, финансиската стратегија се очекува тој да биде 3, 5 отсто од Бруто домашниот производ, но колку точно може да биде нагорната корекција од оваа бројка Кочоска конкретно не одговори. Пред извесно време кажа дека нема да го надмине ланскиот дефицит кој пак беше 4 отсто од БДП.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костадиновска Стојчевска: Власта не се грижи за македонскиот јазик

meteo

Центарот за граѓански комуникации: МНР незаконски однапред исплатило околу еден милион евра за евакуациски летови од Блискиот исток

meteo

Изгаснат пожарот над штипската населба Кадидере

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе