Вести Македонија

Полицајци на мотор бркале скопјанeц кој ги удрил и повредил еден од нив

Лишен од слобода 26-годишен скопјанец, кој не застанал на знак за запирање, со мотоцикл удрил во мотоцикл на МВР и повредил полициски службеник, а по лишувањето кај не го е пронајдена дрога

 

На 10.06.2026 во 18:50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Б.(26) од Скопје.

 

Претходно, околу 18:20 часот на бул.„Партизански одреди“ тој со мотоциклот кој го управувал не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, кои биле со мотоцикли, и продолжил со движење.

 

Набргу, откако бил пристигнат од полициските мотоцикли, тој намерно удрил во еден од нив, при што двајцата паднале, по што тој го напуштил местото. При падот, полицискиот службеник се здобил со повреди и бил пренесен во Градската болница „8 Септември“ за укажување помош.

 

По преземени мерки тој е пронајден е приведен, при што кај него се пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Исто така, пронајдена е и торбичката со повеќе од 100 таблети која ја фрлил додека бегал со мотоциклот.

 

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министрите се „исплашиja“ да не им скратат од парите, па го потрошија скоро целиот дефицит за годинава

Дејан Дејан

Костадиновска Стојчевска: Власта не се грижи за македонскиот јазик

meteo

Центарот за граѓански комуникации: МНР незаконски однапред исплатило околу еден милион евра за евакуациски летови од Блискиот исток

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе