Вести Македонија Топ вести

Кривична пријава за азербејџанска фирма која не изградила канализација во Кичево – меѓу фирмите и онаа на Дрин Ахмети

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основно јавно обвинителство Скопје против странски државјанин и правно лице, поради сомнежи за злоупотреби при реализација на проектот за „Рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Општина Кичево“, финансиран преку ИПА програмата и државниот буџет.

Според наводите, при извршување на договорот со Министерство за финансии на Република Македонија и Европската Комисија, осомничениот не обезбедил важечка банкарска гаранција, прикривајќи дека банката издавач Муганбанк отишла во стечај.

Според јавно достапните информации, изведувач на проектот во Кичево е азербејџанската фирма Акелик груп чиј управител во Баку е Сулејман Бабаев. Фирмата Акелик имаше и подружница во Кичево која ја водеше азербејџанецот Машди Џалал Оглу Исамиалов, но таа фирма е блокирана и подолг перидо немала фиансиски трансакции. Според пријавата, Акелик дополнително ангажирал подизведувачи без претходно одобрение од надлежните институции.

Поради овие дејствија, договорот бил раскинат, а според проценките е предизвикана штета од над 127 милиони денари и загуба на ИПА средства од околу 9,47 милиони евра, кои државата ќе треба да ги покрие од сопствени средства..

Во дел од проектот, како што веќе објави КОД на Телма, учествувале и фирми на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети кој ја тужел и добил Акелик на суд за неплатениот долг. Од финансиска полиција за Телма велат дека ова е само прв дел од истрагата која продолжува за други сегменти од зделката со фирмата од Азербејџан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Неосновано исплатени 236 илјади евра на 235 корисници на социјална помош

Дејан Дејан

Полицајци на мотор бркале скопјанeц кој ги удрил и повредил еден од нив

Дејан Дејан

Влегуваме во втората половина од мандатот, мора да бидеме подготвени на сите сценарија за избори – рече Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе