Вести Македонија

Скопје домаќин на регионален самит за дигитална трансформација на Западен Балкан

На Западниот Балкан има талент, претприемачки став и стратешка позиција да се биде повеќе од обичен корисник на новите технологии. Овој регион може да придонесува кон економијата на иновациНи која ја оформува иднината. САД се посветени да бидат партнер во тој напор. Американските компании го предводат светот во вештачката интелигенција, „клауд компјутинг“, сајбер безбедност и дигиталната иновација. Заедно ја имаме можноста да направиме работни места, да привлечеме инвестиции, да ја засилиме нашата безбедност и да го поддржиме трајниот напредок во регионот.

Амбасадата на САД во Скопје, во име на Бирото за сајбер простор и дигитална политика (CDP) при Стејт департментот на САД, со задоволство ги поканува претставниците на медиумите да присуствуваат на конференцијата „Акцелератор за дигитална трансформација на Западен Балкан“, која ќе се одржи на 10 и 11 јуни 2026 година во хотелот DoubleTree Hilton во Скопје.

На 10 јуни, вршителката на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД, Никол Варнс, заедно со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, ќе ја отворат оваа дводневна регионална конференција, на која ќе присуствуваат владини претставници и техничките експерти од целиот Западен Балкан, како и водечки американски компании од индустријата, со цел унапредување на партнерствата кои го штитат дигиталниот суверенитет и ги зајакнуваат економиите.

На 11 јуни, министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, ќе се обрати на затоворањето на конференцијата. Конференцијата ќе обезбеди платформа за идентификување, дискусија и справување со можностите и предизвиците што го обликуваат дигиталниот пејзаж на Западен Балкан, со фокус на унапредување на дигиталната трансформација, зајакнување на регионалната соработка и промовирање безбедни и отпорни дигитални екосистеми.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Централизација на градежна инспекција, видео мониторинг на градилишта и задолжителен депозит од инвеститорите најави Ѓорѓиевски

Tea Dimkovska

Ѓорѓиевски: Во Скопје ќе бидат поставени 2.600 нови контејнери, градот го враќаме во нормала

Tea Dimkovska

Двајца прилепчани загинаа, еден е тешко повреден во сообраќајна несреќа на експресниот пат Градско – Прилеп

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе