Спорт Фудбал

Астон Вила по нова европска круна, Фрајбург пред најголемиот меч во историјата

Астон Вила и Фрајбург вечерва од 21 часот во Истанбул ќе се соочат во големото финале во Лигата на Европа на УЕФА. Двете екипи бркаат различна, но подеднакво значајна европска историја.

Астон Вила го игра своето второ големо европско финале, а интересно е што првото го доби. Пред 44 години, тимот од Бирмингем стана европски шампион, откако го победи Баерн Минхен во Купот на европските шампиони, натпреварување денес познато како Лига на шампиони.

Од спротивната страна, Фрајбург првпат во својата историја ќе се бори за европски пехар. Досега најголемиот успех на германскиот тим беше осминафиналето во Лигата на Европа, па затоа вечерашното финале е шанса за нова историја.

Премиерлигашот влегува како фаворит, а во своите редови го има и најголемото оружје — тренерот Унаи Емери. Шпанецот е рекордер во второто по ранг клупско натпреварување на Стариот континент со четири освоени трофеи, три со Севилја и еден со Виљареал.

Во однос на составите, Фрајбург сигурно ќе биде без напаѓачот Јуито Сузуки, додека Патрик Остерхаџе и Макс Розенфелдер патуваа со тимот за финалето, иако подолг период беа надвор од терените поради повреди. Кај Астон Вила, неизвесен за настап е Амаду Онана, а сигурно го нема Бубакар Камара, кој е повреден подолго време.

По вечерашното финале во Лига Европа, европската клупска сезона ќе продолжи со финалето во Конференциската лига на 27 мај во Лајпциг, каде ќе играат Кристал Палас и Рајо Валјекано, додека кулминацијата е на 30 мај во Будимпешта со финалето во Лигата на шампиони меѓу ПСЖ и Арсенал.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нејмар во солзи се прости од Бразил: Почна и заврши на истото место (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Белингам блесна, Англија со играч помалку го преживеа Мексико (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Халанд го испрати Бразил дома, Норвешка продолжува меѓу најдобрите осум

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе