Вести Македонија Топ вести

Граѓаните контра министерот за економија Дурмиши: Само за јадење се купува, за друго не останува

Граѓаните не го чувствуваат поевтинувањето на дел од прехранбените производи, што го спомена министерот за економија Бесар Дурмиши. Тој рече дека според неофицијалните информации што ги добил, има одредено намалување кај цените на овошјето и зеленчукот. Анкетираните граѓани велат дека се е скапо.

„Не е точно тоа. Цените се високи, јаки се. Не може народот никако. Никако не може, ништо нема намалено.“

„Храната е секогаш поскапа и нон стоп се качува“

„Не би знаел да кажам искрено, не ги следам многу цените, но знам дека е сериозно скапо. Животот станува само за јадење да купуваме и ако има сметки да се платат“, велат анкетираните граѓани.

Според државната статистика, инфлацијата во април била 5,7 проценти, а храната за една година поскапела за 8 проценти. Месото поскапело за над 13 отсто, а млечните производи и јајцата за скоро 10 проценти. Овошјето е за 8 отсто поскапо од лани, а благо намалување има кај цените на зеленчукот за 1,8 проценти.

Во Владата најавија дека ќе го следат движењето на цените за да одлучат дали и со какви мерки може да интервенираат. В понеделник пак истекуваат мерките за ограничување на цените на горивата – намаленото ДДВ, акциза и попустот од Окта, иако стигнуваат најави дека овие мерки за горивата ќе продолжат.

Срѓан Стојанчев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украинка маскирана во маж, главна осомничена за бомбашкиот напад во Монако

Sonja Petrusevska

Собранието го усвои новиот Закон за парнична постапка

Tea Dimkovska

ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во јуни отстранети 6.165 кубни метри отпад од диви депонии

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе