Вести Свет

Трамп со порака пред самитот: „Смешно“ е САД да го продолжат едностраниот однос со НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека е „смешно“ САД да го продолжат, како што изјави, едностраниот однос со НАТО и повтори дека Алијансата не била таму кога на Вашингтон му била потребна помош.

„Смешно е што САД продолжуваат по овој едностран пат кога односот не е реципрочен. Тие не беа таму за нас!!!“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, помалку од една недела пред самитот на трансатлантската алијанса во Анкара.

Тој објави графикон на кој стои колку пари секоја членка издвојува за НАТО – 999 милијарди американски долари, во споредба со 90,5 милијарди долари издвоени од Велика Британија, 66,5 милијарди долари од Франција, 48,8 милијарди долари од Италија и 44,3 милијарди долари од Полска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево со мала до умерена облачност и ветровито – Временска прогноза за 4.7.2026

meteo

Португалија за влакно ја победи Хрватска, ВАР им поништи голови на Хрватите

Kristina Kuzmanovski

Партиски препукувања за изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе