Спорт Фудбал

Вардар е шампион: „Црвено-црните“ ја освоија 12-тата титула

Фудбалскиот клуб Вардар ја освои шампионската титула во Првата лига откако денеска славеше на гостувањето кај Струга со минимални 1-0 и ја задржа предноста од шест бодови пред Шкендија на едно коло до крајот од сезоната.

Стрелец на единствениот гол за „црвено-црните“ денеска беше Стефан Цветковиќ уште во 5-тата минута од натпреварот. Скопјани имаа уште неколку добри шанси за гол во првото полувреме, но не реализираа. Струга притисна во последните 20 минути од средбата, а во главна улога беше Христијан Малески. Напапаѓачот на домашниот тим имаше неколку добри шанси, но и голманот на Вардар, Давор Талески се истакна со одлични интервенции.

За Вардар ова е прва титула по сезоната 2019/20, а вкупно 12-та во Првата фудбалска лига на Македонија.

На останатите денешни натпревари, Шкендија ја победи Брера со 2-1, а Силекс загуби на домашен терен од Арсими.

Утре се играат преостанатите три натпревари од претпоследното коло. Башкими ќе ја пречека Македонија Ѓорче Петров, Шкупи игра со Работнички, додека Тиквеш е домаќин на Пелистер.

ФОТО: ФК Вардар/Фејсбук

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нејмар во солзи се прости од Бразил: Почна и заврши на истото место (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Белингам блесна, Англија со играч помалку го преживеа Мексико (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Халанд го испрати Бразил дома, Норвешка продолжува меѓу најдобрите осум

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе