Денеска во Градската општа болницата ГОБ „8 септември“, се промовираше реновираниот оперативен блок. Реновирањето е комплетно завршено по највисоки медицински стандарди и како што рече директорот на болницата д-р Синиша Стојановски, ќе се нуди најсовремена услуга.
Со промоцијата на овој блок, се заврши реновирањето на неколку операциони сали на Клиничкиот центар и во градската болница, за кои инвеститор е приватна компанија Тав со вложени 12 милиони евра.
Но за салите да бидат пуштени во употреба, има неколку фази кои треба да се завршат – најави директорот на болницата.
Прво треба да се обезбедат стерилни услови и услови за антисепса, потоа ќе следува обука на докторите за користење на опремата, па да поминат сите инспекции, да издадат употребна дозвола и да се направи технички прием.
Директорот не можеше да прецизира со каква динамика ќе се одвива овој процес и кога операционите сали ќе бидат ставени во употреба.
На промоцијата на оперативниот блок, присуствуваа премиерот, министеррите за транспорт и врски, за здравство, директори на болници.
Иста е ситуацијата и со операционите сали во Клиничкиот центар кои беа реновирани и промовирани на почетокот на април. Министерот за здравство Азир Алиу рече дека имало административни проблеми но дека очекува наскоро да добијат дозвола за работа и да бидат функционални.
Реновирани шест хируршки сали на трауматологија, урологија и детска хирургија
