Вести Македонија Топ вести

(Видео) Со кофи и метли студентите сместени во домот „Гоце Делчев“ се „борат“ против стаорци – надлежните од домот уверуваат дека дератизација се спроведува деновиве

Студенти кои живеат во блокот Б кој е дел од студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје oвој период се соочуваат со низа на проблеми. Еден од нив е проблемот со стаорци кој се појавил на повисоките катови во блокот. Проблемот бил пријавен од нивна страна, но со потешкотии поради тоа што не е  конституиран совет на станари од страна студентите, па контактот и пренесувањето на проблемите оди под отежнати околности. Студентка која анонимно се обрати до Телма тврди дека со нејзината цимерка цела ноќ вчера не можеле да спијат, бидејќи им било страв од стаорецот кој шетал во доцните часови таа вечер. Па затоа со барикади од кофи и со помош на метли се обидувале да се заштитат. Дополнително денес од свои пари набавиле лепак против глувци кои го поставиле во своите соби со цел поскоро да се справат со проблемот.

Друг случај кој го потенцираат е немањето топла вода веќе еден месец, па досега морале да се снаоѓаат по пријатели и роднини за да можат да ги извршат основните хигиенски потреби. Како дополнителен проблем го посочуваат и неработењето на едниот лифт во зградата, додека другиот лифт работел, но не се чувствувале баш најсигурно кога се возеле со него, а стравуваат дека не бил амортизиран периодов со што кога се возеле, за да лифтот се отвори морале да „рипнат одвнатре“, за да можат да излезат.

Го исконтактиравме директорот на студентскиот дом Александар Каровски, кој во телефонски разговор ни објасни дека е запознаен со проблемите. За случајот со стаорците објасни дека вчера е спроведена дератизација на надворешните шахти, подрумите и крововите во делот на блокот Б, а се очекува да се изврши и дополнителна дезинсекција во текот на утрешниот дел. За проблемот поврзан со топлата вода, Каровски посочи дека проблемот според него постои една недела, и тој денес е надминат со што топла вода е обезбеден во блокот. Станува збор за бојлер кој не бил во функција, а сега истиот е заменет. За лифтовите дополнително информираше дека за едниот лифт кој не работи, се чекаат делови кои се потребни да се заменат, додека за другиот му пренеле дека проблемот бил надминат и дека сега лифтот е функционален.

Многу од студентите кои се сместени во домот, за Телма велат дека во досегашниот период на нивното студирање и престојување во студентскиот дом „Гоце Делчев“ никогаш не се соочиле со вакви ниски стандарди, и дека овој дом отсекогаш бил пример како треба да изгледа. Од службите од домот дополнително потенцираа дека работат и даваат се од себе да обезбедат соодветни услови за сместените студенти во домот.

Ова не е првпат студентскиот дом „Гоце Делчев“ да се соочува со вакви проблеми. Телма и претходно известуваше за неработење на лифтовите. Состојбата со студентските домови во оваа академска година е пропратена со низа на скандали, како што се глувци во студентскиот дом во „Пелагонија“, па така сега и во „Гоце Делчев“, немање на струја и топла вода во студенткиот дом во Охрид, но и мувлосани бањи и паштети за вечера во штипскиот студентски дом. Во исчекување е двата дома во Скопје „Кузман Јосифовски Питу“ и „Стив Наумов“ за кои беше ветено досега да  бидат отворени. Сепак засега се уште може да се видат градежни активности, кои не предвестуваат дека тоа ќе се случи во скоро време. Покрај лошите услови со студентските домови, студентскиот стандард оваа година е намален за 7,3 милиони евра, кој би требал да расте со цел да се зачуваат младите кои секојдневно нивната иднина се почесто ја планираат во странство поради подобрите можности и услови кои се нудат.

Теа Димковска

(Видео)Студентскиот дом во Охрид како во хорор филм – без струја и греење над 12 часа, нема топла вода, а за вечера јогурт и говедски нарезок

Глувци во „Пелагонија“, расипани лифтови во „Гоце Делчев“ – студентите реагираат на условите

Здравје на студентите загрозено од супстандардните услови во штипскиот дом – од мувла во тоалети до паштети како единствени оброци за викенд

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Стара куќа, обрасната со трева, или борова шума, ќе видиме што ќе биде приоритет

Sasko Dimovski

Судир на ставови за новата дозвола на „Титан УСЈЕ“ – граѓаните со критики, институциите во одбрана

Sasko Dimovski

Се прават пресеци, се гасне на земја и од воздух, една куќа во Бучиште изгоре, неколку се опожарени – беснеат пожари во Штип и Пробиштип

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе