Вести Македонија Најважни

Се прават пресеци, се гасне на земја и од воздух, една куќа во Бучиште изгоре, неколку се опожарени – беснеат пожари во Штип и Пробиштип

Три часа трае битката со огнот меѓу Пробиштип и селото Ратавица, односно кон Злетово. На терен можат да се видат членови на доброволното противпожарно друштво од Кочани, доброволците од Виница, како и местното население. Се прават, исто така, и пресеци, со цел огнот да не се доближи до селото Ратавица.

Ова е пожарот што попладнево избувна кај селото Бучиште, а потоа се пренасочи кон Неокази и зафати една голема површина од сува трева и шума. Во Бучиште е опожарена една куќа, целосно е изгорена, додека, исто така, се зафатени и неколку други куќи.

На терен можеа да се видат и Ер тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Местното население носи вода, исто така помагаат во гаснењето на пожарот.

„ДПД Кочани е заедно на терен со ДПД Виница со четири возила, Веже три часа сме на терен, ја контролираме линијата од Пробиштип кон Злетово. Дел од пожарот е ставен под контрола, но променливиот правец на ветерот сè уште задава потешкотии. Имаме и градежна механизација која се обидува да направи еден пресек, а ние же поставиме една линија и ќе се обидеме да дејствуваме по самата линија“, изјави еден од пожарникарите.

Во Штип и Пробиштип попладнево избија три пожари. Нема повредени граѓани, но има голема материјална штета. Гореше штипската тврдина Исар, каде што огнот поради ветерот се ширеше на сите страни. Пожарникарите, доброволците и жителите учествуваа во гаснењето на пожарот. Станува збор за непристапен терен, со што дополнително се отежнуваше и локализирањето на огнените јазици, кои се доближуваа до куќите во населбата Исар. Според очевидци, пожарот настанал од искрење на жица на електричен столб.

Во штипското село Чардаклија гори сончева централа, огнените јазици се шират кон селото Карорман. Голема е материјалната штета и на овој пожар.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МВР поднесе кривична пријава за „насилство врз дете“ за прободениот малолетник во Ченто

Sasko Dimovski

Развоен буџет или признание за лоша економија? – Ребалансот ги судри власта и опозицијата

Дејан Дејан

Украина и Молдавија отвораат нов кластер со ЕУ- едногласна одлука во Брисел

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе