Вести Македонија Топ вести

Здравје на студентите загрозено од супстандардните услови во штипскиот дом – од мувла во тоалети до паштети како единствени оброци за викенд

Загрозено здравје на студентите поради супстандардни се услови во штипскиот дом „Браќа Миладиновци“. Студентите се жалат на немање на елементарни услови за живот во домот, започнувајќи од мувлата во бањите до оскудното мени кое го добиваат за викенд, а се состои од конзерви на паштета.

Според фотографиите што биле испратени до студентскиот медиум „Студентарија“ може да се види дека за цел викенд студентите добиваат конзерви паштета и месен нарезок, а 130 студенти се борат за место во две туш кабини и на располагање имаат само шест тоалети.

Дополнително цел викенд на студентите им била сервирана само конзервирана храна – две паштети, две конзерви месен нарезок, едно чоколадо и еден кроасан, што им бил единствениот оброк за два дена.

Ситуацијата не е многу поразлична и за врееме на работната недела, а според тврдењата на студентите оброците ретко содржат салата, овошје или десерт и не ги исполнуваат нутритивните стандарди што би требало да важат за еден студентски дом. Студентите немаат место ниту во читалните. Според фотографиите, станува збор за простории кои се преадаптирани како „читални“ кои имаат застарен и дотраен мебел.

Во студентскиот дом во Штип се сместени и средношколци, а во некои соби, бројот на станари кои живеат заедно изнесува 6 или повеќе.

„Поради немање капацитети, дел од студентите се сместени во соби со средношколци и се принудени да се враќаат во соба до 22 часот и покрај тоа што станува збор за академски граѓани“, пишува „Студентарија“.


Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Размена на обвинувања меѓу Груевска-Маџоска и министерот Љутков по нејзината оставка – Веселинка Лаброска е нова претседателка на Советот за македонски јазик

Дејан Дејан

„Нека се живи и здрави, не им се лутам“- Стевче Јакимоски за судиите кои му потврдија 1 година затвор, а тој смета дека власта сака да спречи да се кандидира за градоначалник

Дејан Дејан

Помина една година, а конфекциите Фермактекст и Европа Фешн не им исплаќаат платите и придонесите на работниците- пријавено е и во МВР

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе