Додека младите масовно ја напуштаат државата во потрага по подобар живот, младинските подмладоци на најголемите партии повторно влегоа во добро позната политичка пресметка – кој е виновен, а кој повеќе се грижи за младите. Наместо конкретни решенија за студентскиот стандард, ниските плати, иселувањето, зависностите и насилството меѓу младите, слушнавме меѓусебни обвинувања, партиски пораки и политички препукувања.
Подмладоците во нова партиска пресметка, а реалните проблеми на младите повторно остануваат во сенка.
Зошто политичката некултура се учи во партиските подмладоци?
АНКЕТА: Дали младинските лидери се идни:
а) Реформатори или б) Партиски војници?
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
