Вести Економија Најважни

Министрите од денеска кај Кочоска по пари, се отвора буџетот пред време

Каде ќе се крати, а за што ќе има повеќе пари? Стартуваа подготовките за ребалансот на буџетот. Овој пат ќе се донесе еден месец порано.

Денеска прв во Министерството за финансии на преговори за пари стигна Министерот за здравство Азир Алиу. Но, според најавите од министерството во текот на денот во финансии треба да дојдат и други колеги на министерката  Димитриевска – Кочоска исто и во следните неколку дена. По, направените математички пресметки ќе се види од каде ќе се скрати, а каде ќе се префрлат повеќе средства.

Од финансии соопштија дека во време на сериозна глобална неизвесност, предизвикана од геополитичките случувања и војната на Блискиот Исток, сите економии – вклучително и македонската – се соочуваат со предизвици поврзани со енергетските текови, инфлацијата и забавувањето на глобалниот економски раст.

Ребалансот ќе биде подготвен согласно среднорочната фискална рамка и стратешки приоритети на Владата, стабилни јавни финансии, фискална консолидација, инфраструктурен развој , енергетска транзиција и подобар стандард, стопи во соопштението од Министерството за финансии

Претходно дел од домашните експерти посочија дека ако треба да се делува со мерки против високите цени, нема многу простор за тоа. Пред неколку дена истото го потврди и премиерот Мицкоски.

Во меѓувреме Владата излезе и со нови полоши прогонози за домашната економија. Според, новата фискална стратегија документ кој е веќе стигнат до собранието, наместо првично проектираните 3, 8 отсто, домашната економија годинава се очекува да испорача раст од 3, 5 проценти.

Спласна владиниот оптимизам и за инфлацијата.  Па, така очекувањата се дека наместо 2, 5  годинава да биде 4, 5 отсто.

Иако, заклучно со првиот квартал се исполни голем процент од планираниот буџетски дефицит за годинава и до крајот на 2026 останува да се потрошат уште 230 милиони евра, во стратегијата во овој дел нема измени.

Но, допрва ќе се види дали кај минусот во државната каса ќе има корекција до крајот на годинава. Ако остане овој  дефицит во тој случај или ќе се крати на расходите или пак ќе треба да се соберат повеќе приходи.

Како и од НБРМ, така и од финансии соопштија поголем дефицит на тековната сметка од – 5 отсто. Ако се земе предвид дека БДП е проектиран од околу 18 милијарди евра во тој случај дефицитот на тековна сметка би бил околу 900 милион евра. Толку би бил одливот на девизи од земјава. И од НБРМ пред неколку дена посочија дека има поголем одлив, отколку прилив на средства.

Во стратегијата стои и дека се очекува и намалување на извозот од домашните компании, но и можност да се одложат нивните планирани инвестиции поради воениот конфлик на Блискиот исток.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украдени учебници од училиште во Ѓорче Петров и запалени во дворот на школото

Дејан Дејан

Европската комисија признава дека ЕЕС предизвикува проблеми, но инсистира дека придобивките од него се далеку поголеми

Дејан Дејан

Паметни камери во справување со пожари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе