Вести Македонија

Кој ја турка Македонија подалеку од Брисел? – власта и опозицијата во пресметка за евроинтеграциите

Евроинтеграциите повторно главна арена за политичка пресметка помеѓу власта и опозицијата, со бројни прашања околу тоа кој е виновен за реформскиот застој на европскиот пат. Опозицијата тврди дека власта откако ги потрошила домашните виновници, сега вината ја префрла и врз ЕУ. Власта возвраќа дека опозиционерите ја туркаат старата агенда за уставни измени и „прават магла“ околу вистинските предизвици на патот кон Унијата.

СДСМ остро го критикува министерот за надворешни работи Муцунски, за кого велат дека во Брисел испратил пораки спротивни од тоа што го зборува во земјава.

„Тие ништо не работат на реформите, па им е виновна ЕУ. Дали разбирате до кој степен на манипулација се оди? До вчера ние бевме виновни за се, денес е виновен Брисел и целата Европска унија. Накратко, Тимчо воопшто не грмнал таму туку бил потивок од есенски дожд. Освен што треба да се исполни реформската агенда и да се донесат европските закони, потребно е да се внесат и малцинствата во Уставот“, кажа Венко Филипче, претседател на СДСМ. 

ВМРО-ДПМНЕ со слична реторика, но со обвинувања во спротивен правец. Прстот го вперија во социјалдемократите, дека наместо македонските интереси, бранат туѓи политички позиции. Од владејачката партија велат дека опозицијата продава наратив за „последна шанса“ за уставните измени, иако постои опасност од нови услови на патот кон ЕУ.

„СДС и Филипче свесно шират какафонија во медиумскиот простор, бидејќи се загубени и немаат што да понудат на граѓаните, освен лаги, измислици и манипулации. Затоа, СДС и Филипче велат дека уставните измени се последниот чекор кон ЕУ, додека новиот бугарски премиер Румен Радев, категорично во секој негов настап вели дека по уставните измени, Бугарија ќе има и други барања. Дека уставните измени се последната пречка за Македонија, веруваат само Венко Филипче и оние лојалистите на Зоран Заев“, кажа Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија има рок до јуни да исполни дел од реформите поврзани со Планот за раст на ЕУ, со цел да обезбеди пристап до финансиски средства. Фокусот е на ресори како правосудството, енергетиката, образованието и јавната администрација.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Партиите повторно не успеаја да се договорот за Изборниот законик

Дејан Дејан

При претрес на стан во Скопје пронајдени над 11 килограми марихуана, 400 грама кокаин, ЛСД и други видови дрога

Дејан Дејан

Сончево со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 5.7.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе