Вести Македонија Најважни

Голем дел од полицајците биле во Пулс кобната ноќ, а денес тврдат дека не знаеле дека имало концерт – родителите регираат на сведочењата на полицајците

Обвинетите 13 полицајци во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ денеска се изјаснија дека не се виновни. Во судскиот процес кој се води против 13 полициски службеници и началници од ОВР Кочани и СВР Штип, тие се товарат за загрозување на општата безбедност и сигурност во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ .

Според наводите во предметот, на 16 март обвинетите биле дежурни, но истовремено биле и ангажирани во дискотеката. На критичната ноќ кога избувнал пожарот, полициските службеници ниту ја прекинале забавата, ниту спречиле активирање на пиротехниката.

Сите 13 обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, а дел од нив рекоа дека направиле се што можеле согласно нивните законски овластувања. Во воведните говори Марија Маневска, поранешна началничка на полицијата во Кочани рече дека „трагедијата не настанала поради полициска контрола, туку беше предизвикана од оние кои ја внесоа пиротехниката без да ја известат МВР. Објектот функционирал со неважечќки лиценци и неисполнети стандарди и тоа ниту е ниту било надлежност на МВР“, рече Маневска. Според неа  МВР беше единствена институција која беше на терен, додека смртоносните ризици  биле сокриени од нас“, рече таа.

Адвокатите на полицајците рекоа дека обвинението е контрадикторно и дека нема се обвинети за дела кои не биле во нивна надлежност.

На нивното изјаснување дека не се чуствуваат виновни – реагираа родителите на починатите деца кои велат дека за трагедијата во „Пулс“ во која загинаа 63 лица а повеќе од 200 се повредени, никој не чувствува вина.

„Голем дел од обвинетите биле таму таа кобна ноќ, гледале, слушале, знаеле, а денес сите се претворија во немоќни набљудувачи, додека вината кружи од еден на друг и мистериозно исчезнува некаде во високите структури“, рече  родителот Александар Наунов.

Тој вели дека најмногу ги навредуваат тврдењата на полицајците дека не знаеле дека во дискотеката „Пулс“, ноќта имало концерт.

„Едни велат дека не било наша надлежност, други не добиваме наредби, трети не знаеме и нанајвредливо е што денеска се обидуваат да не убедат дека не знаеле дека вечерта имало концерт“, рече тој и додаде дека „ полицајците немале обврска да следат Фејсбук но имале обврска да постапуваат по закон посебно што таа вечер имале акциска контрола во тој објект“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Паметни камери во справување со пожари

Дејан Дејан

Партиите повторно не успеаја да се договорот за Изборниот законик

Дејан Дејан

При претрес на стан во Скопје пронајдени над 11 килограми марихуана, 400 грама кокаин, ЛСД и други видови дрога

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе