Вести Македонија Топ вести

Мицкоски јавно го покани Радев на средба

На денот кога Румен Радев седна во премиерската фотелја во Бугарија, македонскиот премиер го покани на средба. Премиерот Христијан Мицкоски кој денеска изјави дека му ја честитал на Радев победата еден ден по одржувањето на изборите во Бугарија на 19 април, се надева дека со новата бугарска влада ќе може да се подобрат меѓусоседските односи и да се разговара за теми за кои треба да се разговара. На прашањето дали официјално ќе го покани Радев на средба, како премиер со премиер, Мицкоски со одговор:

  • „Па не гледам причина зошто да не. Еве ако ова е поканата вака, еве го поканувам“, изјави Мицкоски.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова за тоа дали ќе се подобрат односите меѓу двете земји со новата влада во Бугарија која ќе ја предводи нејзиниот доскорешен колега, Радев, со кого таа имаше средба во Софија четири месеци по преземањето на функцијата во 2024 година, таа со став дека нејзиниот пристап во разговорите е секогаш отворен, а дали ќе има подобрување ќе зависи од другата страна.

  • „Треба бугарската влада да ја прашате, новиот премиер, Румен Радев, што очекуваат тие. Знам дека бугарскиот народ очекува стабилност очекува реформи очекува борба со корупцијата и криминалот. Досега владите беа нестабилни, немаа одговорност, личеа на оние од третата и четвртата Француска република, а ние ќе имаме соговорник, стабилен со кој што ќе можеме да разговараме“, рече Силјановска Давкова.

Сиљановска Даквова притоа рече дека во Ереван, на Самитот на Европската политичка заедница, имала средба со претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, при што рече дека изгледа кога е на маргините и надвор од политиката говорот е поинаков, по што на шеговит начин ги заврши новинарските прашања за македонско-бугарските односи.

  • „Беше пријателски, беше женски, беше инспиративен, беше ветувачки… И сега забележав дека наскоро липите ќе цветаат…“, рече Силјановска Давкова.

Тамара Грнчароска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го блокира Изборниот законик затоа што нема поддршка од дијаспората

Дејан Дејан

СДСМ: Мицкоски продолжува да зборува, а граѓаните да плаќаат

Дејан Дејан

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворен простор, активен е пожарот кај Белица во Македонски Брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе