Денеска е светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина — ден посветен на хуманоста, солидарноста и помошта за оние на кои им е најпотребна. Датумот е избран во чест на Хенри Дунант, човекот кој ја постави идејата дека секој човечки живот вреди подеднакво.
Постарите велат – порано луѓето повеќе си помагале, соседот бил сосед, маалото било семејство. Денес, како секој да си го гледа само својот двор.
Во време на брз живот, социјални мрежи и отуѓување – дали ја губиме човечноста? Или хуманоста сè уште живее, само тивко и без многу зборови?
И што ќе оставиме на младите: човечност или себичност?
АНКЕТА: Дали би донирале време, пари или крв за некого што не го познавате? Да/Не
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
