Денеска се очекува да се реализира нов лет за евакуација на граѓани на релација Дубаи – Скопје.
Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати во неделата ги извести сите македонски држајани кои во моментов се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати, дека во вторник ќе се реализира уште еден лет.
-Имајќи предвид дека се финализираат подготовките и деталите за неговата реализација, сите граѓани кои имаат неопходна и приоритетна потреба од евакуација потребно е во најкус можен рок да се пријават во Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, наведе Амбасадата.
Евидентирањето, посочуваат од Амбасадата, може да се изврши на следните контакти – Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби, телефон: +971 56 441 7532 и е-пошта: [email protected].
Од вкупно четири организирани летови за евакуација на граѓани од регионот на Блискиот Исток, досега превезени се 458 патници.
