Сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минимална температура (во °C)
-6 Берово, -4 Крива Паланка, -3 Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Демир Капија, Mаврови Анови, Попова Шапка, -2 Тетово, Куманово, Велес, Штип, -1 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, Кавадарци, Струмица, Kрушево, 0 Виница, 3 Гевгелија.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
86 Попова Шапка.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!
