Автопатот Кичево – Охрид повторно е во фокусот на јавноста.
По повеќе од една деценија изградба, овој стратешки проект сѐ уште не е завршен. Изградбата започна во 2014 година, а денес веќе броиме 12 години работа на терен. Во меѓувреме беа потпишани повеќе анекси на договорот со кинеската компанија Синохидро.
Последниот, осми анекс, одобрен од Собранието, носи дополнителни 186 милиони евра, и најавен е и нов рок за завршување на автопатот – мај 2027 година.
Владата уверува дека овојпат автопатот конечно ќе биде комплетиран, иако министерот Николовски за време на изборната кампања најавуваше дека ќе биде готов за летната сезона 2026 година.
Но, денеска јавноста со право се прашува:
Дали ова е последното пролонгирање или автопатот ќе го носи епитетот „бунар без дно“? Дали ова е финалната сметка за автопатот Кичево – Охрид?
АНКЕТА: Верувате ли на политичарите дека автопатот Кичево – Охрид конечно ќе биде завршен до мај 2027 година? Да/Не
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
