СДСМ пред нов партиски конгрес. Чин на обединување и зајакнување или ново подвојување и пребројување: кој е одговорен за поразите, за идеолошкото обезличување, кому му е при срце партијата, а кому личните кариери и позиции, кои се се стечајните управници, а кои лажните доверители? Ќе се спаси ли СДСМ од самиот себе? И како: со судир на концепти или со озборување по социјални мрежи?
Во Топ Тема вечерва, интервју со Петре Шилегов, поранешен градоначалник на Скопје, екс- пратеник и функционер на СДСМ.
Топ Тема со Боби Христов на Телма.
