Вести Македонија Топ вести

(Видео) Менкиновски за случајот Ристов: Почеток на распадот на правосудниот систем

Ова е почеток на распадот на еден правосуден систем кој го имаме ние 30 години, истакна Тони Менкиновски, адвокат, во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ во контекст на случајот со осомничениот апелационен судија Ѓоко Ристов во чија куќа на родителите беа откриени соѕидани 350.000 евра.

„Правосуден систем кој што, за жал, морам да кажам дека самиот од себе се распаѓа, затоа што тој можеби има закони, не нема системски кој да ги спроведе. И она што многу ми е жал, што кога ги слушам помладите луѓе, како моите синови, една од причините за одењето на нашите Македонци надвор од Македонија е токму оваа, значи правната несигурност“, смета Менкиновски.

Тој нагласи дека во моментот во Македонија има 500 судии или, како што рече, по 25 судии на 100.000 луѓе.

„Една Америка, Шведска, Франција имаат 9,5 судии на 100.000 луѓе и имаат многу подобра дистрибутивна правда кон граѓаните отколку во Македонија. Ако претходно довербата ви судството беше 2 проценти, после ова мислам дека ќе имаме едно цунами во македонскиот правосуден систем, вклучувајќи го правосудството, значи судиите и обвинителите“, изјави Менкиновски.

Менкиновски потенцира дека САД од осамостојувањето имаат дадено 500 милиони евра, како и Европската Унија.

„А, видете што ни се случува денеска“, рече адвокатот Менкиновски.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владината сложувалка пред финиш: Ресорите поделени, реконструираните имиња сè уште „под клуч“

Дејан Дејан

Девет еколошки организации бараат трајно поништување на концесиите за проектот Иловица-Штука

Дејан Дејан

80-тина материјални докази на обвинителството изведени на денешното рочиште за 9-мината полицајци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе