Некогаш Новогдишните и Божиќни празници ги чувствувавме уште пред да пристигнат – по звукот на поштарот. Во сандачето нѐ чекаше рачно напишана новогодишна или божиќна честитка, со препознатлив ракопис и топла мисла што патувала денови. Отворање на ковертот – мал ритуал што будеше голема радост. Денес? Неколку типкања по тастатурата, еден клик, една нотификација, една дигитална честитка што исчезнува меѓу стотици други. Светот се забрза, а со него и празничната традиција. И додека кај нас хартиените честитки полека исчезнуваат, во Данска завршува цела ера – нивната пошта ќе ги испорача последните писма и честитки на 31 декември.
Дали празниците стануваат посиромашни без тие мали парчиња хартија?
Дали ја губиме магијата на чекањето и трепетот при отворање на пликот?
Или ова е само нов, природен начин да кажеме „Среќна Нова година“?
АНКЕТА: Дали за овие празници ќе испратите честитка по пошта? Да / Не
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
