Вести Македонија

Посебниот детски и додатокот за попреченост не се исплаќаат во сите општини низ Македонија

Иако исплатата на посебниот детски и на додатокот за попреченост ( за возрасни), започна на 12 декември, тоа не се случува во сите општини низ Македонија. До Коалицијата Менуваме, која ги застапува правата на лицата со попреченост, стигнале информации дека во Охрид, Кочани, Велес , Штип и во Прилеп, воопшто не започнала исплатата на додатоците, а во други општини низ Македонија таа е реализирана делумно. Од Коалицијата велат дека тоа ги доведува лицата со попреченост до состојба на губење на довербата во системот зашто тој здравствено и социјално ги загрозува.

  • Тоа ги доведува луѓето да бидат несигурни, со недоверба кон системот. Истовремено им создава дополнителни компликации затоа што тие ќе останат без нивната терапија, како што се лекови, суплементи. Па, да не заборавиме на сметките за струја , вода и т.н. Па, некои се под кирија, вели Суарет Алишан, координатор на Коалиција Менуваме.

Од Коалицијата исто така реагираат и на неисплатените надоместоци на личните асистенти на лицата со попреченост, за ноември, и за надоместоците на плати за скратено работно време што не ги добиле родителите кои се грижат за деца со попреченост. Коалицијата стравува дека со затворањето на Трезорот по 15 декември, многу семејства ќе ги дочекаат новогодишните празници без пари.

  • Тоа ги доведува родителите во еден дополнителен ризик, да позајмуваат од некаде, кажа Алишан од Коалиција Менуваме.

Алишан очекува владата и премиерот да направат увид во состојбите и да преземат мерки за надминување на проблемите. А, министерот за социјална политика Лимани и неговиот заменик Велковски да се повлечат од фукнциите поради лошо менаџирање, а на нивно место да дојдат лица што ја познаваат проблематиката, дополнува Алишан.

Телма контактираше со заменик- министерот Ѓоко Велковски. Тој призна дека посебните детски и додатоците за попреченост не стигнале во сите општини низ државата , но уверува дека тоа ќе се случи утре.

  • Во петок (12.12.2025 годин) започна исплатата за сите лица кои имаат право на социјална помош. Со исклучок на пет центри. Тоа значи дека налогот е веќе во Трезорот и исплатата ќе биде во текот на утрешниот ден, кажа Ѓоко Велковски, заменик- министер за социјална политика.

Исто така, заменик- министерот вели дека нема да се доцни со исплатата на надоместоците на личните асистенти за ноември и за надоместоците на плати за скратено работно време , за родителите со деца со попреченост.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дизелот поскапува за 5,5 денари, бензините за 1,5 денари – горивата со нови цени од полноќ

Sasko Dimovski

Два тона млечни производи се запленети во Грција, биле превезувани со камион без ладилник

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Ново врсничко насилство, девојче од Куманово притиснато во ќош, удирано со шлаканици и клоци

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе