Вести Македонија

Опожарено тело пронајдено по пожар во магацин во Скопје

Едно лице го загубило животот во пожар што синоќа избил во два магацина во круг на фабрика на подрачјето на општина Гази Баба во Скопје.

Пожарот бил пријавен на 13 декември во 21:29 часот, по што на терен интервенирала Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и истиот бил изгаснат.

При увидот извршен денеска, 14 декември, во еден од магацините што бил изнајмен, било пронајдено опожарено тело на машко лице. Од МВР информираат дека истрагата е во тек.

– На 13.12.2025 во 21:29 часот во СВР Скопје е пријавено дека во круг на фабрика на подрачјето на Гази Баба во Скопје настанал пожар на два магацини, сопственост на М.Р.(46), кои ги изнајмил на други лица. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат. Денеска (14.12.2025), за време на вршење на увидот, во еден од објектите, кој под наем го користи М.А. од Скопје, пронајдено е опожарено тело на машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Возел 179 км./ч. на патот Тетово – Гостивар на место на кое е дозволено 80 – возачот приведен, возилото одземено

Sasko Dimovski

Ноќеска запален автомобил на судијата Ѓоко Ристов

Kristina Kuzmanovski

Тројца мртви во напад врз Московската област

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе