Вести Свет

Орбан: Обидот за преземање на замрзнатите руски средства е објава на војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека секој обид за посегнување по замрзнатите руски средства би претставувал објава на војна.

Говорејќи на антивоен собир во Мохач, во јужна Унгарија, Орбан предупреди дека обидите за замрзнатиот руски имот во Белгија и други европски земји да се искористи за финансирање на војната, би имале сериозни последици по европската финансиска стабилност.

– Ако Брисел се обидува да ги земе руските пари, тоа е објава на војна, рече Орбан, пренесе Маѓар Немзет.

Тој објасни дека секоја земја, вклучувајќи ја и Унгарија, има свои девизни резерви, кои вообичаено се чуваат во странски валути како долар или евро.

– И ние ги имаме нашите национални резерви таму, како Русите, кај Белгијците. Ако тие посегнат по ова, и ние мора да размислиме дали е тоа соодветно? Парите на Русите беа замрзнати во Белгија на почетокот на војната, а сега сакаат да ги земат, што е исклучително опасна работа, бидејќи Белгијците имаат договор според кој се одговорни пред Русите за нивните пари, објасни тој.

Според него, ако ЕУ продолжи да се меша во тие резерви, тоа би можело сериозно да ја загрози довербата на земјите во европскиот финансиски систем. Тој предупреди и дека Белгија може да има сериозни економски последици ако дојде до прекршување на договорот за замрзнување на руските средства.

Орбан ги критикуваше европските лидери кои најавија дека војната во Украина ќе биде финансирана од замрзнатите руски средства, иако, како што наведе, финансискиот товар на војната не го сносат само денешните европски граѓани, туку и идните генерации.

Осврнувајќи се на ЕУ, Орбан ја критикуваше актуелната политика на Брисел кон Унгарија, истакнувајќи дека суштинските прашања во Европската Унија, како што е владеењето на правото, не може да бидат решени доколку ЕУ продолжи да се меша во внатрешните работи на националните држави. Тој нагласи дека Унгарија се противи на обидите на Брисел да донесува одлуки кои го загрозуваат суверенитетот на членките.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фотогалерија)Европската Унија донираше нови возила на Државниот инспекторат за транспорт

Tea Dimkovska

Од 189 комунални возила само 76 во исправна состојба – ревизорите со најниска оценка за работењето на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје

Tea Dimkovska

Цената на нафтата бележи нов скок поради нападите меѓу Иран и САД кои не запираат

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе