Украина подготвува ревидиран мировен план кој ќе и биде претставен на Белата куќа, откако претседателот Володимир Зеленски уште еднаш порача дека Киев нема намера да се откаже од територии.
Тој истакна дека ниту украинските закони, ниту меѓународното право дозволуваат таква отстапка, додавајќи дека нема ни морално право да го направи тоа.
Новите предлози до САД следат по викенд-преговорите меѓу американски и украински претставници, кои завршија без договор прифатлив за Киев.
Европските лидери, кои сметаат дека првичниот американски план бил премногу поволен за Москва, му дадоа поддршка на Зеленски на вонредниот самит во Лондон и повторија дека е потребен „праведен и траен мир“ со силни безбедносни гаранции.
Зеленски најави дека новата верзија на документот, скратена од 28 на 20 точки, би можела да биде испратена до Вашингтон уште денеска.
Клучните нерешени прашања остануваат контролата врз Донбас и нуклеарната централа Запорожје, додека меѓувреме продолжуваат руските напади врз енергетската инфраструктура, вклучително и последниот во Суми кој го остави градот без струја.
ЕУ и НАТО: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина
