Вести Свет

Врховниот суд на Грција бара од обвинителите да интервенираат доколку земјоделските блокади ја нарушуваат безбедноста во сообраќајот

Обвинителите, со помош на надлежните полициски органи да интервенираат во случаите кога се вршат кривични дела што се гонат по службена должност, побарал обвинителот од Врховниот суд на Грција, Константинос Ѕавелас, во наредбата испратена до обвинителите во целата земја доколку со земјоделските блокади се нарушува безбедноста во сообраќајот.

Во последниот период се забележува појавата на нарушување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, со намера, главно преку поставување и одржување пречки, но и со други постапки подеднакво опасни за безбедноста на сообраќајот, со блокирање на движењето на возила, на јавни, национални и други патишта, од страна на учесници итн. во активностите на земјоделците во земјата, пишува на почетокот на наредбата од обвинителот, што ја објавуваат грчките медиуми.

Во продолжение додава дека сличен феномен е и нарушувањето на безбедноста на воздушниот сообраќај, со оглед на тоа што земјоделците вчера затворија два аеродроми на островот Крит.

Во наредбата на обвинителот се потсетува дека прекршоците поврзани со попречување на транспортот се гонат по службена должност, бидејќи непреченото функционирање на транспортната инфраструктура е општествено добро.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нема повеќе граница меѓу Гибралтар и Шпанија – потпишан историски договор со Брисел

Sasko Dimovski

ЕУ го брани Меѓународниот кривичен суд откако Рубио најави кампања за негова изолација

Kristina Kuzmanovski

Кина во јуни ја проби границата од еден милион извезени автомобили месечно

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе