Шпанската полиција во Аликанте го уапски бегалецот кој со потерница е баран од Белгија, беше и додаден на листата на најбарани лица во Европа на Европол само два дена пред неговото апсење.
Тој беше баран за кривично дело од 2009 година во Белгија, каде што наводно контактирал жена која се јавила на оглас за барање работа. Лицето ја убедило да се сретнат во нејзиниот дом и откако се уверил дека нејзината партнерка си заминала, ја принудил на сексуални односи додека била сама со своите мали деца.
По нападот, тој избегал во Луксембург, а подоцна во Франција, каде што му се изгубила трагата. Белгиските службеници побараа помош од своите шпански колеги во мај поради сомневања дека бегалецот се крие во Шпанија под лажен идентитет.
Првичните истраги насочија кон областа Аликанте, каде што бил забележан на 4-ти декември, а истражителите утврдиле дека тој се подготвувал повторно да избега.
Т.Д.
