Илјадници тркачи во црвено-бели костуми денеска ги преплавија улиците на Будимпешта на јубилејната 10-та трка на дедомразовци. Забавниот настан привлече учесници од сите возрасни категории, а според организаторите, во трката учествувале околу 4.500 дедомразовци.
Организаторите велат дека целта на новогодишната трка на дедомразовци, меѓудругото, е да испрати порака дека спортот и активниот начин на живот се важни и во зима, како за младите, така и за возрасните.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
