Вести Свет

Најмалку 23-ца загинати во пожар во ноќен клуб во Индија

Најмалку 23 лица загинаа во пожар во популарен ноќен клуб во индиската сојузна држава Гоа. Трагичниот настан се случил нешто по полноќ во центарот за забави Арпора.

Според индиски официјални лица, повеќето од загинатите се работници во кујната на клубот, како и тројца до четворица туристи.

Причина за пожарот е експлозија на плинска боца. Индиските медиуми пренесуваат дека огнот е изгаснат и сите тела на жртвите се пронајдени.

Локалните политичари најавија истрага за утврдување на точната причина за пожарот и дали биле почитувани прописите за противпожарна безбедност и правилата за градење.

Западната крајбрежна држава Гоа е една од најпопуларните туристички дестинации во Индија, позната по своите песочни плажи.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нема повеќе граница меѓу Гибралтар и Шпанија – потпишан историски договор со Брисел

Sasko Dimovski

ЕУ го брани Меѓународниот кривичен суд откако Рубио најави кампања за негова изолација

Kristina Kuzmanovski

Кина во јуни ја проби границата од еден милион извезени автомобили месечно

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе