Поп ѕвездата Кети Пери и поранешниот премиер на Канада, Џастин Трудо и официјално ја потврдија својата љубовна врска на Инстаграм. Пејачката викендот сподели низа приватни фотографии и видеозаписи од патувањето во Јапонија на кои позира со Трудо. Со тоа е ставен крај на повеќемесечните шпекулации за нивната врска.
Славната пејачка објави фотографии на кои таа и 53-годишниот Трудо се прегрнати и позираат за селфи на отворено. За време на престојот во Јапонија во рамкина нејзината турнеја „Lifetimes Tour“, таа се придружи на Трудо во посетата на поранешниот јапонски премиер Фумио Кишида и неговата сопруга Јуко. И Кишида сподели фотографии на Икс покрај новогодишно дрво, нарекувајќи ја Пери партнерка на Трудо.
