Вести Свет Топ вести

Амбасадорот на САД во НАТО: Мирот во Украина е поблиску од било кога

Американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер изјави дека шансите за крај на војната меѓу Русија и Украина се значително подобрени.

„Сегашниот момент е најдобра прилика досега за постигнување на мир. Би можело да се каже дека сме блиску до мир, поблиску од било кога. Ова нема да биде мир по секоја цена, бидејќи украинската страна на крајот ќе мора да го прифати секој постигнат договор, а руската ќе мора да покаже искрена желба за завршување на оваа војна“, изјави Витакер за шпанската новинска агенција ЕФЕ.

Витакер истовремено потсети дека американскиот претседател Доналд Трамп смета дека моментната ситуација е комплицирана. Тој потврди дека се што било зацртано во американскиоот мировен план со 28 точки, сега е поделено во четири одвоени документи.

„А НАТО и Европската Унија, тие работат одвоено во врска со војната во Украина и од директните преговори меѓу САД и Украина“, изјави Витакер кој додаде оти не верува дека Русија има намера да го нападне НАТО, оценувајќи ја таквата можност како „многу ниска“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Изгласан дупот за Барутана кој предвидува изградба на 24 хацијенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Си реков „ако гинеме, ќе гинеме заедно“ – сопругата на Србинот кој висеше од прозор во авионот на „Рајанер“ над Македонија

Sasko Dimovski

Нема повеќе граница меѓу Гибралтар и Шпанија – потпишан историски договор со Брисел

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе