Oпштина Центар го изгласа Нацрт-ДУПот за Барутана кој превидува големи градежни зафатни на Водно.
–Советниците на Шанса за Центар, Левица и ЗНАМ и уште двајца поединци од големите партии беа против ваквото искористување на падините и шумите на Водно. Ако Галите во стрипот „Астерикс и Обеликс“ се плашеа „небото да не им падне на глава“, скопјани и особено центарци, треба веќе да се плашат Водно да не им падне на глава. Не може да се задоволи огромниот апетит за разјадување на шумата на планината која треба да го штити градот од поројни поплави и лизгање на земјиште, обвинуваат од иницијативата.
