Компанијата „Нетфликс“ (Netflix) го купува филмскиот и стриминг сервис на „Ворнер Брос. Дискавери“ (Warner Bros Dиscovery) за 72 милијарди долари, пишува „Би-Би-Си“.
„Ворнер Брос Дискавери“ поседува франшизи како Хари Потер и Игри за престолот, како и стриминг сервисот „Ејч-Би-О Макс“ (HBO Max). Аквизицијата треба да доведе до радикално преобликување на американска филмска и медиумска индустрија, иако аналитичарите предупредуваат дека би можела да наиде на отпор кај Регулаторното тело за заштита на конкуренцијата. Според повеќе извештаи, „Нетфликс“ се наметна како главен понудувач пред конкурентите „Комкаст“ (Comcaste) и „Парамаунт Скајденс“ (Paramount Skydance), нудејќи 28 долари за акција.
„Парамаунт“ во октомври понуди 24 долари за акција за купување на целата компанија, вклучувајќи ги и кабелските мрежи „Си-Ен-Ен“ (CNN), но „Ворнер Брос Дискавери“ го одби тоа. „Парамаунт“ оваа недела ја покачи својата понуда на, речиси, 27 долари за акција, а нивните адвокати истовремено ја доведоа во прашање „праведноста и адекватноста“ на продажниот процес.
Во писмото во кое „Си-Ен-Би-Си“ (CNBS) имаше увид, правниците на „Парамаунт“ ја обвинија „Ворнер Брос Дискавери“ за „спроведување на процесот со однапред одреден исход кој фаворизира еден понудувач“.
