Вести Свет

Израел најави отворање на преминот Рафах, но само за излез од Газа – речиси 17 000 Палестинци чекаат на итна медицинска евакуација

Израел соопшти дека ќе го отвори граничниот премин Рафах меѓу Газа и Египет во наредните денови, но со една единствена цел – да им дозволи на Палестинците да ја напуштат оваа територија.

Израелското воено тело Когат соопшти дека излезите ќе бидат овозможени преку координација со Египет, по безбедносното одобрување од Израел и со надгледување од мисијата на Европската Унија. Израелците додаваат дека ова ќе биде „слично на механизмот кој функционирал во јануари“, кога преминот бил отворен во текот на претходното примирје.

Според Израелските безбедносни претставници, оваа одлука е израз на поддршката за актуелниот прекин на огнот со Хамас, кој започна пред седум недели.

Но, Египет негираше дека се координира со Израел за да повторно го отвори преминот Рафах.

Египет се повикува на планот на Трамп, според кој доколку биде постигнат договор за повторно отворање на преминот Рафах, тоа треба да биде во два правци, за влез и излез во појасот Газа.

Овој граничен премин беше затворен од мај 2024-та година, кога Палестинската страна од преминот беше заземена од Израел.

Според Светската здравствена организација, најмалку 16 500 тешко болни или повредени Палестинци на кои им е неопходна медицинска помош во странство, во моментов чекаат да бидат евакуирани од Газа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нема повеќе граница меѓу Гибралтар и Шпанија – потпишан историски договор со Брисел

Sasko Dimovski

ЕУ го брани Меѓународниот кривичен суд откако Рубио најави кампања за негова изолација

Kristina Kuzmanovski

Кина во јуни ја проби границата од еден милион извезени автомобили месечно

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе