Собраниските служби известија дека пратеникот Илир Демири го напушти политичкиот блок „Европски фронт“ и од сега ќе делува како независен пратеник. Демири во текот на денот, за своето парламентарно делување го информирал претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Демири беше министер за здравство на крајот на мандатот на владата на СДСМ и ДУИ, како претставник на крилото на Зијадин Села во Алијансата за Албанците.
На ланските избори го доби мандатот во 6-тата изборна единица. Пред да стане министер беше директор на тетовскиот Клинички Центар.
