Вести Македонија Топ вести

Судијката Груевска Илиевска за процесот за „Пулс“: Не се знае колку ќе трае, мора да се почитуваат правилата во судница, ќе има казни за неоправдани отсуства на обвинети

На почетокот на судењето за трагедијата во „Пулс”, претседателката на судскиот совет во процесот, Диана Груевска Илиевска им се обрати на присутните од кои побара дисциплина и почитување на правилата во судница, за ефикасно одвивање на процесот. Таа порача и дека никој не знае колку ќе трае ова судење.

„Никој не знае колку ќе трае овој процес, може пет месеци, може пет години, ќе направиме се судењето да тече непречено, не можеме да ви гарантираме брзина, бидејќи секоја брзина може да значи грешка“, рече судијката Диана Груевски Илиевска на денешното прво рочиште за трагедијата во Кочани, во која загинаа 63 главно млади луѓе.

„Од сите бараме голема дисциплина, ако не се почитува, ќе следува опомена или отстранување или казнување парично. Секое одлагање ќе биде проверувано и доколку е неоправдано ќе следи санкција“, порача таа.

„Знам за болката на блиските, бидејќи сите ние сме родители. Со секоја почит и за болката и за тагата ќе имаме респект, но ние сме професионалци кои ќе треба да ги испочитуваат сите права“, рече судијката Груевска Илиевска.

Кога се претставуваше, судијката Диана Груевска Илиевска посочи дека е позната, бидејќи во јавноста многу се зборувало за неа. Таа беше дел од судските постапки за избеганиот екс премиер Никола Груевски.

Обвинението за сопственикот на „Рубикон“ споено со она за „Пулс“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе