Данскиот министер за одбрана Јепе Брус изјави дека на Гренланд, автономната данска територија, ќе бидат распоредени војници на редовна воена служба.
„На Гренланд ќе бидат распоредени регрути заедно со професионални војници и тие целосно ќе учествуваат во сите мисии“, рече Брус, одговарајќи на прашање во парламентот.
Данската јавна телевизија (ТВ2) пролетва објави дека армијата планира распоредување регрути на Гренланд од септември, со цел да се засили присуството како одговор на притисокот од САД.
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, минатата година ја обвини Данска дека го занемарува обезбедувањето на својата автономна територија. На почетокот од годинава, американскиот претседател Доналд Трамп не ја исклучи можноста за употреба на сила за „придобивање“ на арктичкиот остров, но подоцна отстапи од таа идеја.
Поради војната во Украина, Данска го продолжи траењето на воената служба на 11 месеци и го воведе задолжителното служење војска и за жените.
