Вести Македонија Најважни

Обвинението за сопственикот на „Рубикон“ споено со она за „Пулс“

Судот на почетокот на денешното рочиште за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ го спои предметот за сопственикот на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, Александар Нацев. Со ова, тој и официјално стана 35-от обвинет за оваа трагедија. За него, обвинителниот акт беше подоцна одобрен, на почетокот на септември во 2025 година.

Нацев е обвинет за предизвикување општа опасност, бидејќи обвинителството тврди дека тој стоел и ги правел плановите за обезбедување на „Пулс“ заедно со вистинските сопственици, и покрај тоа што немале никаков договор со „Рубикон“. Тој сега се брани од притвор, кој му го одреди судот.

Инаку на обвинителна клупа се неколкумина од обезбедувањето кои, според обвинителството, на критичниот ден, со важечки лиценци за приватно обезбедување и со легитимации на обвинетото правно лице, како и еден обвинет без лиценца за вршење на работи на физичко обезбедување, биле задолжени да го обезбедат објектот во Кочани. Но, тие немале безбедносна проценка по однос на сигурносните услови на објектот, за можностите за евакуација во случај на опасност и не направиле проверка на влезови и излези и нивна исправност, во услови на преполнетост на капацитетот на локацијата.

Вработените, распоредени од Агенција за обезбедување „Рубикон“, не постапуваат по прописите од Закон за приватно обезбедување и неизвршена проверка на идентитетот и возраста на лица при влез на објектот што го обезбедиле и со тоа ќе влезат деца – лица кои не се целосно 18 години и нивни во објектот во 00:00 часот. Не постапиле и законските лица да извршат преглед на влезот во објектот што се обезбедува, а за пронаоѓање на предметите што се користат за уништување или може да се оштети како и да се предизвика опасност од животот, со што не го спречувале внесот и користењето на пловидните експлозивни материи – пиротехнички средства со кои биле предизвикани пожари. Од тековната ситуација во текот на состојбата произлезе дека сега обвинетиот имал главна личност во обвинетото правно лице, фактички раководители со агенцијата и давал директни инструкции на обвинетите кои критичните биле на гости како службеници. Исто така, таа Струмица и се докази дека по пожарот во Кочани презел активности во место на формирање ново правно лице со седиште во, така основна дејност му е исто физичко обезбедување на имот и лица, а со цел да ја продолжи дејноста повторно затскрива со формално-правно во раководењето со друго одговорно лице“, се вели во обвинението за нив.

По ланската промена на власта, Рубикон почна да реди тендери за обезбедување и зделки во Скопје, Кочани и Прилеп. Нацев е универзитетски професор, поранешен директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, а во 2017-та често држеше партиски прес конференции во штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

Б.Н.Т.

Родителите со маички со ликови на загинатите деца, судницата преполна, почна судењето за Пулс

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе