Вести Најважни Свет

(фото)Најмалку 18 починати во Франција како последица на топлото време, меѓу нив се и две деца заборавени во автомобил

Најмалку 18 лица починаа во Франција, вклучувајќи две деца оставени во жежок автомобил, објави Ројтерс, додека топлотен бран ја зафати Европа.

Училиштата во Франција ги пуштија на распуст децата или пак направија измени во распоредите.

Температурата во Бордо, во западниот вински регион на Франција, се искачи на 41,9 степени Целзиусови (107,4 степени Фаренхајт), со што е соборен рекордот од минатиот август. Во Поатје во централна Франција измерени се 41,2 степени Целзиусови.

Во Карпентрас, југоисточна Франција, спасувачите без успешно се обидуваа да реанимираат две деца, на возраст од 2 и 4 години, кои беа пронајдени во несвест во семејниот автомобил.

Три постари лица, на возраст меѓу 80 и 95 години, починаа за време на викендот во регионот Бордо од здравствени проблеми предизвикани од топлотниот бран, информираа локалните валсти.

Фанцуската служба за цивилна безбедност со апел до граѓаните и туристите: „пливајте само на места што се под надзор“, откако беше пријавено дека 13 лица се удавиле од недела до понеделник.

Топлинскиот бран што ги погодува големите делови од Европа е познат како Омега блок бидејќи има облик на грчката буква, со испакнатина од топол воздух во средината и постуден воздух од двете страни, објаснуваат климатолозите.

Парижаните и туристите се обидоа да ја избегнат жештината во понеделникот барајќи сенка и собирајќи се во климатизирани музеи, бидејќи температурите во француската престолнина достигнаа 44 степени Целзиусови (111,2 Фаренхајт).

Франција стиска заби за една недела рекордно високи температури, преплавена од топлотен бран кој комбинира дневни максимуми над 40 степени Целзиусови (104 степени Фаренхајт) и ноќи со потење кои го ограбуваат сонот.

Климатските промени предизвикани од човекот се поврзани со зголемување на екстремните временски услови, а проекциите на агенцијата за клима на ОН велат дека следните пет години треба да соборат уште рекорди на топлина.

Метеоролошката служба предупреди за уште пожешки ноќи: „Ова ќе продолжи до крајот на неделата, со нивоа на топлина што никогаш порано не се регистрирани во повеќе од три четвртини од земјата во среда и четврток“.

Топлинскиот бран, исто така, го влоши квалитетот на воздухот во француската престолнина бидејќи предизвикува формирање на озон што го заробува загадувањето. Агенцијата за следење на квалитетот на воздухот во парискиот регион соопшти дека загадувачите веројатно ќе го надминат препорачаниот праг.

Владините пораки ги предупредија родителите да не ги оставаат децата без надзор во автомобилите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски се сретна со сопственици на маркети – инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3 проценти

Дејан Дејан

Приходите од придонесите не ги покриваат исплатите на пензиите – утвдри ревизорот во ФЗОМ

Дејан Дејан

Конзервативниот коментатор Такер Карслон ги напушта Републиканците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе